ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.09.2025
УГД неделава со трет уписен рок

Уписите на УГД –  Универзитетот „Гоце Гелчев“ – Штип влегуваат во завршна фаза. Неделава освен запишувањето на студентите примени во вториот упсен рок, ќе се реализира и третиот.

Понеделник и вторник (15 и 16 септември), ќе се врши запишувањето на кандидатите кои се примени во вториот уписен рок. Тие , како и оние од првиот рок, ќе мжат самите да ги завршат формалностите околу уписот, по електронски пат – од уплата на потребните средства, до запишување на првиот семестар. За оние на кои ќе им биде потребна помош при запишувањето, тоа ќе можат да го сторат на приемните места за уписите во центрите на УГД.

Веќе во среда и четврток (17 и 18 септември), ќе се реализира и третиот уписен рок. Објавувањето на конечните резултати, однсно решението за прием на кандидатите, ќе биде на 24 септември, а запишувањето на 25 и 26 септември.

УГД нуди бројни стипендии и ослободувања од партиципација за идните студенти

Слободни места има на повеќето од студиските програми, освен на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки. За редовно студирање во државна квота се пополнети и местата на насоките Дентална медицина и Физотерапевти, но има места во квотата со кофинансирање.

Новата академска година за бруцошите на УГД ќе започне на 1 октомври, со традиционалниот Прв академски час (или Бруцошка), кој ќе се одржи на платото пред Економскиот факултет.

Инаку, факултетите во состав на УГД (12 факултети и 3 академии), академската 2025/26 ја започнуваат со нови декани, чиј мандат започна на 15 септември.

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија