![](https://goce.mk/wp-content/uploads/2025/02/јanevska-gimnazisko.jpg)
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип го бира својот нов ректор, трет по ред од основањето на Универзитетот. Постапката за нов ректор е започната неодамна, а трае до 13 Јуни, кога и ќе се знае кој ќе биде човекот кој ќе го води штипскиот универзитет во следните три години.
Има шест кандидати од различни факултети. На официјалниот јутуб канал на Универзитетот се објавени видео обраќања од сите кандидати и сите одговараат на истите прашања.
Универзитетот денес ги објави и нивните биографии и програми за работа.
Кој ќе го наследи проф. д-р Блажо Боев ќе се знае после 13 јуни, а во продолжение ви ги пренесуваме нивните видео обраќања.