ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.06.2022
УКИМ ќе протестира пред владата на 30ти јуни
Автор: Goce Author

Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 30 јуни од 19 часот организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од, како што наведува во соопштението, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.

Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес, соопшти Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ.

Претходно сојузот одржа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ, на кој беше побарано Владата да обезбеди зголемување на платите.

Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и останатите граѓани да им дадат поддршка за обезбедување подобри услови и квалитет во високото образование и враќање на угледот на УКИМ.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?