
Засега нема укинување на сертификатите за вакцинација или за прележаност од Ковид 19. Тоа би се случило доколку бројките на бидат вака високи.
Ова го објави на прес конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, кој истакна дека за укинување на сертификатите може да се размислува само кога ќе се подобри епидемиолошката ситуација со ковид-19.
Тој рече дека омикрон е четврта варијанта на коронавирусот во земјава, а во светот активни се уште две во светот. Инаку, одредени експерти подолго време изјавуваат дека сертификатите треба да се укинат, бидејќи немаат ефект. На таков став беа и дел од докторите кои новиот Министер за здравство преку Фејсбук ги повика да се приклучат на Комисијата за заразни болести, но тие тоа го одбија. Образложението беше дека такви покани не треба да се даваат преку социјални мрежи.
–Сертификатите не се во насока да се спречи трансмисијата на вирусот, туку да се спречи неговото пренесување на тие што немаат никаков имунитет. Оние кои не можат да докажат дека се вакцинирале или прележале ќе бидат заштитени да не мпже да влегуваат во простории каде би биле во висок ризик за пренесување на вирусот. Кога нема да има високи бројки, тогаш ќе се размилсува за укинување на сертификатите, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Дигиталните ЕУ сертификати важат 270 дена од примената вакцина
Мехмедовиќ вчера гостуваше и на ТВ Сител, каде изјави дека засега нема дискусија за тоа дали третата доза ќе стане задолжителна. За информациите за причините за големата смртност рече:
–Информациите за виновникот за големата смртност ги добиваме од Институтот за јавно здравје. 90% од сите заразени и починати се од омикрон, а 10 % од делта. Имаме пациенти со тешка клиничка форма на болеста по болниците токму од оваа варијанта.