
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка, соопштија од овој нуркачки центар. Со ова, велат тие, им ја чиститаат новата 2023 година на сите македонски граѓани.

фото: Нуркачки центар „Амфора“
Од „Амфора“ додаваат дека, како и секоја година, и оваа им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Подводната елка посетителите на Музејот на вода ќе можат да ја видат сè до крајот на јануари.