ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.05.2025
УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст
Автор: Goce Author

Малтретирањето е распространето во образовните институции во Македонија. Безмалку 20 отсто од учениците во земјата, во 2022 година пријавиле редовно малтретирање. Освен тоа, во пораст се и дигиталното насилство врз децата, како и  онлајн сексуалната експлоатација и злоупотреба, покажува анализата на состојбата со децата и адолесцентите во Македонија, која ја објави УНИЦЕФ.

Image by Freepik

„Стапката на малтретирање е посебно висока за ЛГБТИК+ учениците, при што 68 отсто од нив доживуваат малтретирање, потсмев или закани за време на нивното школување поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет. Дигиталното насилство врз децата, вклучително и онлајн сексуалната експлоатација и злоупотреба, се во пораст“, наведено е во анализата.

Бројот на пријавени случаи на насилство врз децата е во пораст во различни јавни институции од 2018 до 2022 година, делумно поради промените во механизмите за пријавување.

„Полициските записи покажуваат дека нагло е зголемен бројот на регистрирани случаи, од 153 во 2021 година на 1.104 во 2022 година, при што момчињата се застапени со 59,8% од жртвите. Центрите за социјална работа и образовните институции известуваат за слични трендови, со највисока инциденца кај децата на возраст од 6-14 години“, се наведува во анализата.

Во делот на препораките кои се однесуваат на насилството, пишува дека е потребно да се спроведе сеопфатно истражување за врсничкото насилство и национално истражување за насилството врз децата, во кое ќе се опфати сексуалната експлоатација на децата, пријавените случаи, истрагите, гонењата и санкциите.

Бројот на споделени експлицитни содржини за злоупотреба на деца двојно зголемен

Извор: Meta.mk 

Newaves во завршна фаза, Осиек домакин на работна средба
Жените во науката сѐ уште се соочуваат со предизвици и дискриминација