ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.11.2022
Универзитетските собранија најавија студентски марш во четврток

По повод Меѓународниот ден на студентите, Универзитетските собранија во Македонија се обединија и за прв пат најавија студентски марш во четврток (17.11.2022г.) со паролата „Студентите се обединија!“.

Студентите незадоволни од договорениот износ за студентски оброк

Со почеток во 17:30 часот, студентите тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршат својот марш и ќе ги искажат барањата кои гласат:

Издвојување на средства од буџетот за:

1. Подобри услови во студентските домови

2. Изземање на студентите од антикризните мерки

3. Целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на
сумата

4. Изедначување на стипендиите

5. Подигнување на квалитетот на образованието

6. Дигитализација

Постигнат компромис меѓу Владата и студентите за студентскиот оброк

 

Претседателот на УСС при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Мирко Наџаков порача дека ова не е протест туку напротив еден марш кој ќе го одбележи сплотувањето на студентите и нивната борба за подобри услови и права. Тој се надева дека ваквата иницијатива ќе прерасне во традиција и студентите и понатаму ќе се поддржуваат заедно барајќи ги своите права. Студентите исто така ги повикуваат и професорите, деканати и ректорите да ги поддржат во оваа иницијатива и да се приклучат на маршот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?