ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.03.2026
Успех пред 30-тата: Амбиција или општествен притисок

Успех пред 30-та година е амбиција на многу млади – тие постојано се во трка со времето за да успеат што порано во животот. Очекувањата од општетството се превисоки, а реалните можности се сведени на минимум, бидејќи успехот често се прикажува како нешто што мора да се постигне што е можно порано. Успехот не е нешто што може да се генерализира, туку напротив секоја индивидуа има изградено свое значење што за него претставува успех.

Давид Тасевски

„Прашање коешто го таргетира секој млад човек кога зборуваме за општествените очекувања, за очекувања од родители и културолошки очекувања коишто ги притискаат младите луѓе дека мора да одат по некаков пат коишто некој друг го има смислено за нив, а не тие самите.“, вели Давид Тасевски, психолог.

Често се создава впечаток дека постои временска рамка за постигнување на одредени цели, кои неформално влијаат врз младите и создаваат чувство дека успехот има рок. Но, реално секој поединец има различни цели, можности и очекувања кои треба да ги постигне во животот.

Реално не постои вистинска временска рамка за успех

„Од психолошка перспектива реално не постои вистинска временска рамка за успех, заради тоа што сѐ она што го правиме ние е според нашите потреби. Тие временски рамки се општествено поставени, родителските очекувања кои понекогаш влијаат на временската рамка којашто ние на крајот на денот си ја создаваме од притисок во нашата глава. Реалноста е дека секој човек има различен пат којшто го поминува, различна идеа и важно е да си ги следи своите потреби и своето темпо, наместо да гледа како другите луѓе го прават тоа.“, вели Тасевски.

Од срамежлива девојка до храбар глас: Борбата на Марија со социјалната анксиозност

Социјалните мрежи се исполнети со млади инфлуенсери и претприемачи кои постигнале значајни успеси уште во 20-тите. Овие приказни можат да бидат инспиративни, но често се основа младите да се споредуваат со туѓите достигнувања.

„Социјалните мрежи дефинитивно влијаат, не само за доцнење во животот, туку и за тоа како ние сметаме дека треба да изгледаме. Често социјалните мрежи ни нудат нешто што не е реално, голем дел од луѓето се прикажуваат во некое светло коешто е нереално и прави притисок кај останатите млади луѓе и тие да следат нешто што го гледаат на социјалните мрежи. Важно е да разберат дека се работи за индивидуален пат, се работи за фокус на личните цели, а не поглед кон социјалните мрежи или општествени очекувања коишто само дополнително ќе им создаваат притисок.“, вели Тасевски.

Успех не е нешто што треба да се генерализира

Грижата на совест и прашањето „дали ќе успеам?“ не произлегуваат само од личните амбиции, туку и од превисоките општествени очекувања и очекувања кои ги наметнуваат родителите.

„Ова е многу индивидуално прашање, секој човек нема иста цел во животот, некој воопшто не се гледа дека треба да влезе во брак пред 30-тата година, на некој му е фокус кариера, на некој му е фокус да патува. Сите имаат различен фокус, така што не би рекол дека сите нужно мора да имаат грижа на совест. Оние коишто имаат грижа на совест важно е повторно да се вратат наназад и ја пресметаат онаа грижа на совест, дали е таа наметната или е нешто коешто тие лично сметаат дека си го поставиле како цел, меѓутоа од некоја причина не успеале да го остварат.“, вели Тасевски.

Што се крие зад личностите кои на интернет шират говор на омраза?

Најважно од сѐ е да бидеме опкружени со вистински луѓе кои нема да го зголемуваат притисокот и чувството на грижа доколку „не успееме“ на време.

„Не можеме да се изолираме од пораките или од коментарите од околината. Можеме да работиме на тоа тие коментари и пораки помалку да ни влијаат за да не ни го нарушуваат нашиот пат и нашата идеа накаде сме тргнале. Исто е важно да  направиме наш круг на луѓе со коишто ние ќе се разбереме. Кругот на луѓе коишто нѐ потсетуваат дека ние не сме направиле нешто што треба е притисокот којшто на нас може да ни влијае како коментари, така што чувството на припадност е многу важна тема и секој човек без разлика дали е млад или стар треба да си создаде своја средина.“, вели Тасевски.

Зошто младите ги поттиснуваат своите емоции?
Луѓе со над 10.000 следбеници државата ќе ги гледа како „медиум“ – се отвора дијалог за измените во законот