ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.01.2023
Успешни студенти препорачуваат мотивирачки филм, книга и подкаст (Дел 2)

По советите кои ги споделија Катерина, Христина и Иван, сега тие раскажуваат за тоа како им изгледа еден ден во текот на колоквиумска недела и испитна сесија, а препорачуваат и неколку филмови кои ги мотивирале во текот на стресните периоди.

Студенти даваат совети за одржување на 10,00 просек (Дел 1)

„Никогаш не оставам голем дел од материјалот за последната недела, учам континуирано како ги зимаме лекциите, а последната недела само повторувам, вежбам, одговарам прашања и одмарам. Исто клучен фактор е добрата организација и жртвуваното време. Искрено гледам да избалансирам и дружба и учење иако секогаш не можам, но гледам да бидам излезена барем два часа а потоа се затворам и учам.“, вели Христина.

Христина Тасева

Изреката „повторувањето е мајка на знаењето“ е клучен фактор на кој треба да се потсетиме во текот на полагањата.

“Колоквиумските недели и испитните сесии не ми се разликуваат многу од другите денови во семестарот. Пред колоквиум или испит секогаш се трудам да го поминам материјалот барем два пати и избегнувам да учам нешто ново денови пред полагањето иако тоа не  секогаш ми успева. Без разлика на тоа што повторувам и решавам задачи поголемиот дел од денот, не откажувам излегувања. Мислам дека одморот е исто толку важен колку и учењето.“, вели Катерина.

Катерина Краљевска

Одморот е клучен дел од продуктивноста

“Најчесто практикувам долги дневни сесии од учење, околу 8-12 часа, проследени со прошетки и јадење надвор. Доучувам материјал кој не сум успеал да го научам и го повторувам она што веќе сум го поминал. Дополнително гледам видеа за да добијам некоја нова перспектива за она што го полагам.“, вели Иван.

Иван Арсов

Дополнително , студентите споделуваат и филмови, книги и подкасти кои сметаат дека треба секој од нас да ги погледне/прочита/слушне.

„Би го препорачал филмот „Good Will Hunting“. Филмот те потсетува на важноста да се ставиш на прво место, но и дека треба да се преземи одговорност за одлуките кои ги донесуваме, врските кои ги формираме и животот кој го живееме. Краткиот монолог на Робин Вилијамс, психолог во филмот, за искуството наспроти учењето во теорија е нешто шо секој мора да се слушне повеќе пати.“, вели Иван.

Христина пак, го препорачува филмот „Врба“ од Милчо Манчевски , а дополнително таа смета дека треба да се прочитаат и книгите од Петре М.Андреевски. Додека, Катерина смета дека подкастот Impact theory е вреден за слушање.

Во поглед на својата професија и насока, студентите сметаат дека има помалку заинтересирани, но со оглед дека се работи за тешки области тие сметаат дека заинтересираноста е нормална.

“Мило ми е што секоја година има се повеќе заинтересирани студенти, но сметам дека хемискиот инженеринг не е доволно промовиран и не е толку популарен во споредба со другите инженерски гранки. Тоа треба да се подобри затоа што хемиските инженери се столбовите на индустријата во една земја.“, вели Катерина.

Во иднина студентите се гледаат како дел од научно-истражувачката област.

Секој граѓанин должи 4000 евра, а има заштедено 5400 евра – во просек
70% од средношколците се запишани во стручни училишта