ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.02.2022
Вљубени или не, пандемијата сериозно не тестира!
Автор: Goce Author

На Денот на вљубените не се размислува на проблеми во врската, но тоа не значи дека ги нема и дека треба да се занемарат. Пандемијата пак, може дополнително да ги влоши.

Пандемијата остави последици и на односите меѓу партнерите, па иако денеска многумина ја слават љуб0вта, да проговориме и за ризиците кои ги носи короната.

Пандемијата е голем товар во односите меѓу паровите. Односите кои претходно биле во криза нема да ја преживеат пандемијата, сметаат некои експерти.

„Короната е одличен тест за издржливост за парови“, вели Волфганг Кригер, психолог од Берлин и автор на неколку книги за љубовта и партнерството. Поради заклучувањето и работата од дома, многу парови поминуваат многу повеќе време заедно отколку што беше случајот пред пандемијата. Партнерот брзо се обвинува за лошо расположение и кавгите се неизбежни.

Опиени од вино или од љубов – што славите денеска?

Врската ја нагризуваат ситници од типот: „кој ќе мие садови“, но ситниците можат да доведат и до сериозна кавга. „Нервите се тенки, има искри многу брзо. Многу врски што биле на стаклени нозе дури и пред пандемијата нема да го преживеат овој период. Очекувам бран разводи и прекини по пандемијата“, вели Кригер.

Товарот на грбот на жените

За време на пандемијата, излегоа на виделина некои стари поделби на улоги. „Во Германија, сеприсутната традиционална поделба на улогите го остави поголемиот дел од наставата дома и грижата за децата на грбот на жените“, рече социологот Мина Кин од Институтот за демографски истражувања Макс Планк во Росток кога се одлучуваше за нови мерки.

На ова треба да се додаде уште еден феномен: смртноста за време на пандемијата доведе многумина, според Кристин Бахаус, психолог од Франкфурт, да размислат и да се запрашаат: дали сакаат да го поминат остатокот од својот живот со некој со кој не се согласуваат.

Не обвинувајте секогаш некој друг

Има и спротивни примери: парови кои добро се разбираат, но досега немале доволно време еден за друг, поради новиот начин на работа, наеднаш поминуваат многу време заедно, што се доживува како подобрување на квалитетот на животот. . Толку многу парови научија повторно да комуницираат едни со други. „Вака се појавува нов вид на врска и доверба во партнерот. Психотерапевтот Кригер смета дека е потребно повеќе да се работи на себе и да не се обвинува партнерот за секое лошо расположение.

Во секој случај, Денот на вљубените, без разлика на сите резерви што постојат кон тој празник, е добра причина да се намали тензијата.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?