ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.08.2022
Вака изгледа автомобил дизајниран од вештачката интелигенција
Автор: Goce Author

Новиот автомобил наречен Зингер 21Ц е тотално нова, импресивна и досега невидена креација која е направена со огромна помош од вештачката интелигенција.

Автомобилот е со перформанси од 434 километри на час и забрзување од 0-100 за 1.9 секунди.

Фото: Slashgear com

Еден мал тим од Калифорнија направи комбинација на Ai со 3D печатење на компоненти од метал и пластика за да дојдат до финалниот дизајн. Овој нов концепт на автомобил може да ја промени целата индустрија на автомобилизмот.

Досега на производителите им беа потребни специјални простории и специјални машини за да направат само еден дел, за еден вид возило, (врата, хауба, кров), кој беше многу бавен за надградување или за непредвидена замена на финалниот изглед на моделот на возилото.

Тимот на Зингер од Калифорнија дојде до идеја да го заменат целосно производниот процес за едно возило. Тие се зафатија со изработка со помош на вештачка интелигенција (Ai), која сама го дизајнираше новиот автомобил 21Ц од внатре – нанадвор.

Кевин Зингер сопственикот на Зингер, со помош на новата технологија се обиде да го изработи новиот 21Ц со само неколку моќни компјутери и 3D принтери за да дојде до финалното решение за изгледот и скелетот на возилото.

Фото: motor-vision co.uk

Со помош на Ai технологијата 3D принтањето се нарекува и вертикално производство. Вертикалното производство во случајот е многу побрзо од традиционалното. Секоја мала промена во финалниот дизајн може веднаш да се поправи.

Вештачката интелигенција од голема корист за студентите

3D принтерот е многу ефикасен затоа што никогаш не остава повеќе материјал од тоа што потребно, па заради тоа автомобилот е направен токму онака како што е и замислен од Ai. Ефикасноста се мери и во тоа што за производство на еден традиционално направен автомобил чини над 500 милиони долари, Зингер го изработува за само 3 милиони долари.

14 држави го тужат TikTok
Топ 5 најпопуларни видео игри на компјутер