ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.04.2022
Вакцините годишно спасуваат 5 милиони животи
Автор: Goce Author

Глобална иницијатива на Светската здравствена организација (СЗО) „Светска недела на вакцинација 2022 година“ ќе се одбележи во последните недели од април под мотото „Долг живот за сите“, со порака дека во светот секоја година преку вакцините се спасуваат околу пет милиони човечки животи.

Вакцините можат да заштитат од повеќе од 20 опасни заразни болести. Тие се исто така клучни во борбата против антимикробната резистенција (АМР), бидејќи спречувањето на болести и намалувањето на побарувачката за антибиотици ја зачувува нивната ефикасност, соопшти СЗО во пресрет на Светската недела на вакцинација.

Многу некогаш смртоносни болести се елиминирани благодарение на вакцинацијата. Зголемувањето на вакцинацијата и искористувањето на целосниот потенцијал на истражувањето и иновациите за вакцини значи поздрава иднина и побезбеден живот за луѓето, посочува СЗО.

Вакцините по Ковид и украинската криза – нов глобален предизвик

Од воведувањето на вакцинацијата против пандемијата, речиси половина милион животи на луѓе постари од 60 години се спасени само во европскиот регион на СЗО.

Но, пандемијата на Ковид влијаеше и на достапноста на вакцини против други заразни болести, што е нов глобален предизвик.

Глобалната покриеност со вакцинација во 2020 година, според проценките на СЗО, е намалена на 83 отсто. Истата година, дури 23 милиони деца во светот биле лишени од основните вакцини.

Поради војната во Украина, програмите за вакцинација се отежнати или прекинати, а на милиони бегалци треба да им се обезбеди здравствена заштита, вклучително и вакцинација. Сето горенаведено ја прави важноста на универзалниот пристап до вакцините појасна од кога било, истакнува СЗО.

„Најупорниот“ случај на ковид: Британец бил заразен 505 дена!

Истражувањата покажуваат дека инвестицијата за вакцинирање на еден Европеец против 17 болести изнесува вкупно максимални 3.500 евра, што е многукратно помалку од другите превентивни интервенции.

Вакцинацијата против грип, според европските истражувања, може да заштеди до 332 милиони евра годишно само во Европа поради намалените здравствени услуги.

Работната група на Иновативната фармацевтска иницијатива (iF!), која обединува претставници на некои од најголемите производители на вакцини во светот, затоа апелираше на важноста од достапноста на вакцините.

Метапневмовирус не е нов вирус, нема опасност за нов Ковид
Маск го спореди Сорос со Палпатин од „Војна на звездите“