Министерството сепак се премисли ваучерите за поддршка на домашниот туризам да не ги додели на студентите. Оваа мерка, што четири години ги опфаќа работниците со ниски примања, претходно беше најавено дека годинава ќе биде наменета за студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства, но сепак одлуката е променета уште еднаш. Студентите оставени за догодина.
Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а ваучерите ќе бидат во вредност од 18.000 денари.
Ваучерите ќе треба да се искористат надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страницата на Министерството за економија.
Ваучерите ќе може да се искористат од моментот на добивање до 30 јуни годинава, и од 15 септември до 1 декември.
За ваучер може да се пријават сите работници со ниски приходи, а барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија.
Студентите од Универзитетското собрание на УКИМ веќе реагираа на социјалните мрежи и стапиле во контакт со министерството за економија од каде уверуваат дека поради периодот пред избори мерката ќе биде објавена на после 9ти мај за што студентите од УСС уверуваат дека ќе извршат притисок.