

Стрипот е адаптација на криминалистичкиот роман на Фолкер Кучер, по кој е снимена истоимената хит серија. Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година во време на политички превирања, кога младиот и амбициозен инспектор Рат истражува убиство, но наидува на отпор од сите страни. Наскоро, тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама и корупција и потрага по руско злато.
Авторот Арне Јиш, не само што го адаптира култниот криминалистички роман на Кучер туку и прецизно ги отсликува гламурот на модерниот велеград и општествените и политички напнатости во Вајмарската Република од тој период. Тој во делото гради сопствен заплет, што се разликува од оној во серијата.
На крајот, му благодари на Фолкер Кучер што без негодување ги прифатил промените во неговата приказна.
Објавувањето на графичкиот роман „Вавилон Берлин“, на македонски јазик, го поддржа Министерството за култура и град Скопје.