
Денеска интернетот ни е постојано достапен, но што ако ви кажеме дека постојат неколку веб страни каде што може да учите без да платите? Ви изгледа неверојатно? Погледнете ја во продолжение листата од овие веб страни кои може да ги искористите за да ги надоградите вашите знаења, целосно бесплатно.
Photo by Kelly Sikkema on Unsplash
Udemy е онлајн веб страна за учење и настава со над 185.000 курсеви и 49 милиони студенти. Иако прво ќе ги видите курсевите кои се плаќаат на оваа страница, има дел од нив што се достапни бесплатно.
Photo by: Freepik
EdX е платформа за учење која им дава можност на студентите од која било земја да посетуваат бесплатни онлајн курсеви понудени од врвни универзитети како што се Харвард и МИТ.
Photo by: Freepik
Instructables е веб страна специјализирана за проекти креирани и прикачени направени од самите корисници. Овде корисниците меѓусебе ги оценуваат проектите и коментираат за квалитетот на истите.
Photo by: Freepik
Веб страна со која ќе го најдете филмот без да го знаете насловот
Cook Smart е совршена платформа за да научите нови рецепти и да ги подобрите вештините за готвење. Учете од врвни професионални готвачи.
Photo by: Freepik
Овде ќе научите многу повеќе за математика, уметност, компјутерско програмирање, економија, физика, хемија, биологија, медицина, финансии, историја…
Photo by: Unsplash
Skillshare е онлајн платформа за учење со илјадници креативни курсеви и часови на кои ќе учите од експерти.