ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.09.2022
Веб страницата на Министерството за образование и наука и по 10 дена не функционална
Автор: Goce Author

Веб страницата на Министерството за образование и наука (МОН) веќе десети ден е надвор од функција. Периодот во кој е неактивна е токму пред почетокот на уписите на нови средношколци, основци, но и студенти.

Ресорниот министер Јетон Шаќири во изјава за ТВ 24 вели дека по хакерскиот напад пред неколку денови веб страна е исклучена со цел да се направи нова, но посигуирна платформа.

Учебници недостасуваат и во средното образование

„Кај постоечката има слабости кои што сме ги идентификувале и до нивно разрешување би било погрешно повторно веб страната да се објави на интернет. Очекуваме една до две недели миграцијата да заврши од контракторот. Инаку сајбер безбедноста е важна за сите сектори во нашата држава и сметаме дека во следниот период треба да се зголемат инвестициите во борбата против сајбер нападите и сајбер тероризмот, кој што е се поприсутен во регионот и во целиот свет.“ – изјави Јетон Јетон Шаќири министер на МОН.

Нема информации од Министерството кога би била повторно активна. Веројатно ова е најдолгиот период во кој веб страница на министерство не била функционална.

Нова учебна година, стари проблеми!

Упатените се сеќаваат на упадот во веб страницата на Државната изборна комисија за време на изборите, а граѓаните краток период добиваа неточни информации за изборните резултати.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?