Вечерва премиерно ќе се прикаже „Три“ – претстава на знаковен јазик пред битолската публика во НУ Центар за култура – Битола.
Под режисерската палка на Јован Ристовски, актерите Никола Пројчевски, Маја Андоновска Илијевски, Анастазиа Христовска и Сандра Грибовска поминаа процес кој на глувонемите и наглуви лица им ја дава можноста за доживување на театарската магија.
Инспирирана од легендата за овчарот и трите самовили на Марко Цепенков, претставата ќе ги заскокотка и еколошките проблеми со кои се соочуваме денес, со што ќе допрат до свеста на сите.
ТРИ e наменета за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви.
Во ТРИ Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик
Овој проект е на АТО-центар од Битола и истиот е поддржан од Министерството за култура и ГИЗ.Доколку сакате да уживате во претставата и да се соедините со оние кои навидум се „поразлични”, билети можете да си купите на касата на Центарот за култура – Битола.