ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.12.2024
Велосипедисти од Штип во хуманитарна мисија

Велосипедисти од Штип во недела, 29 декември на велосипеди ќе ги израдуваат децата со посебни потреби и останатите деца во Штип, со новогодишни пакетчиња.

Во недела, 29 декември се организира хуманирѕтарен настан од страна на велосипедистите од Штип. Иницијатори на овој настан се браќата Драган и Дарио Атанасови, студенти на Економскиот факултет во Штип и велосипедисти. Овој  настан со хуманитарен и забавен карактер се организира по петти пат.

-Целта ни е да им поделиме на најмладите , на децата кои во недела ќе дојдат на шеталиштето во Штип новогодишни пакетчиња. Ние сме браќа и со велосипедизам се занимаваме веќе шест години, а оваа организација започна во 2020 година, со многу помал обем, имаше за цел да придонесеме за расположението во нашиот град во време на пандемија пред новогодишните и божиќните празници. Веќе од наредната година успеавме како љубители на велосипедизмот да обезбедиме и донираме одредена сума на пари со кои купивме чоколади и на велосипедска дружба ги поделивме на најмалите во нашиот град – вели Драган Атанасов.

 

Велосипедисти во хуманитарна мисија – ќе поделат радост за најмладите и за децата со посебни потреби

Велат дека секоја година се трудат организацијата да биде подобар, да има поголема масовност. Годинава 16 спонзори се јавиле да го помогнат настанот.

-Најзначајниот момент и дел од овој наш настан е посетата на децата во Домот за деца без родители, како и во училиштето за деца сом посебни потреби, каде ќе имаме дружба со нив и ќе им поделиме пакетчиња. Од таму со велосипедите ќе возиме низ градот, до шеталиштето на улицата Ванчо Прке, каде ќе поделиме новогодишни пакетчиња на децата –  рече Дарио Атанасовски.

Велосипедот – економично и еколошко превозно средство

Инаку, хуманитарниот карактер е една страна на настанот, втората е намерата да се испрати порака на сите во државата дека велосипедистите се дел од сообраќајот, дека велосипедот е тој што не ја загадува околината и така придонесува за здравјето на луѓето.

Посетата на децата со посебни потреби е закажана за во недела во 10 часот, а финалето е на шеталиштето на улицата „Ванчо Прке“ во 12 часот.

Корупцијата и младите – како да го промениме светот одвнатре
Лицата со попреченост и понатаму наидуваат на пречки