ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.06.2022
Велосипедот – економично и еколошко превозно средство
Автор: Goce Author

Велосипедот како превозно средство, се наметнува како неопходен начин за учество во сообраќајот. Растот на цените на енергенсите, зголемената фреквентност на сообраќајот, убавото време, но и здравиот начин на живот, се едни од клучните причини зошто треба да се избере велосипед како превозно срество.

Фото: RSBSP

Истражувањата покажуваат дека на растојание до 5 километри, во урбана средина, велосипедот е доминантно превозно средство во однос на автомобилот, од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација и од аспект на полесно паркирање. Паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и одзема многу помалку простор.

Со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство се заштедуваат финансиски средства кои би се давале за гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поевтина опција отколку купувањето автомобил.

Велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и треба да се почитуваат како и останатите моторизирани и немоторизирани учесници во сообраќајот.

Бидете внимателни возачи и внимавајте на велосипедистите во сообраќајот. Но, и велосипедистите исто така се должни да внимаваат на останатите учесници во сообраќајот.

Фото: BicykleDutch

Велосипедот во сообраќајот е како и секое друго превозно средство – има правила кои мора да се почитуваат

РСБСП советува велосипедистите да бидат внимателни и да го почитуваат следното:

-да се движат што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека, односно лента;

-пешачките премини да ги поминуваат низ пропишаната црвена патна лента лоцирана непосредно до сообраќајната зебра, а доколку нема таква патека, пешачкиот премин да го преминат симнати од велосипедот;

-ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, да се движат по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот;

-на велосипедски патеки кои се уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите треба да се движат по десната страна во правецот на движењето;

-брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или лента е ограничена на 25 km/h.

Бензинските пумпи во Германија нудат електрични автомобили

Мобилноста на велосипедот, брзото и практично движење, како и исплатливоста, го зголемува бројот на велосипедисти во сообраќајот. Но, секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди. Затоа бидете одговорни велосипедисти и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи!

РСБСП со апел: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај – користете и поддржувајте алтернативни форми на мобилност (пешачење, велосипедизам и јавен превоз).

Велосипедисти од Штип во хуманитарна мисија
Корупцијата и младите – како да го промениме светот одвнатре