ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.02.2023
Вештачка интелигенција ги освојува и интернет пребарувачите
Автор: Goce Author

Начинот на кој бараме информации на Интернет може да претрпи револуција откако Google и Microsoft објавија дека воведуваат вештачка интелигенција во нивните пребарувачи. Примената на оваа технологија носи многу придобивки, но и етички дилеми и ризици, предупредуваат експертите.

Иднината е сега – вака експертите ги коментираат радикалните промени кои вештачката интелигенција ги носи во секојдневниот живот, деловните процеси, индустријата… Компјутерите работат со големи количини на податоци од кои извлекуваат заклучоци.

„Вештачката интелигенција е имитација на човековото однесување. Тоа е целта. Дека компјутерот се однесува како човек во одредени аспекти“

Дека ова е многу моќна технологија покажува и трката на големите корпорации за развој на овие системи. Чет-бот кој привлекува внимание во последните месеци е ChatGPT3 на Microsoft.

Со околу 175 милијарди информации на располагање, тој ги маѓепса корисниците од целиот свет со својата способност да зборува, пишува програмски кодови, песни и есеи, така што пребарувањето на Интернет во иднина би можело да личи на разговор со многу упатени , ако повремено се збунети, човечко суштество.

Вештачка интелигенција ќе го смени начинот на пребарување на интернет

„Мислам дека новата технологија ќе го преобликува претходното пребарување на Интернет, кое еволуираше од компјутери до мобилни телефони, а сега е само прашање како вештачката интелигенција ќе го промени тоа“, нагласува Сатја Надела, извршен директор на Мајкрософт.

Досега, од доаѓањето на интернетот, бевме навикнати да впишеме нешто во гугл, и да добиеме бвеб страница по пребарувањето. Но, во суштина тоа и не е најприродниот начин, бидејќи во природата на човекот е да зборува. Сега,  ChatGPT или „Google“ chat ќе ви овозможува да разговарате со него, а тој ви дава информации.

Употребата на вештачка интелигенција е техничко, политичко и морално прашање

Винт Серф, еден од инженерите кои ги поставија темелите на интернетот, предупредува на опасностите што оваа технологија ги носи со себе. Како ќе се користи не е само техничко прашање, туку и политичко и морално, а нормите често се разликуваат од земја до земја.

„Мајкрософт“ ја претстави новата верзија на Бинг засилена со ChatGPT

Некои од ризиците кои ги носи експанзијата на вештачката интелигенција секако е и намалувањето на потребата од работна рака. Така, големите технолошким компании веќе отпуштија голем број на вработени, па прашање е како светот ќе се справи со оовј ризик.

Европската комисија се обидува да ги постави границите на примената на оваа технологија со законите за вештачка интелигенција. Области кои треба да бидат строго регулирани се автономните возила и програмите кои избираат кандидати за работа.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?