ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.11.2021
Вежбањето го намалува апетитот? Што велат истражувањата?
Автор: Goce Author

По спроведувањето на истражување од страна на  Medicine & Science in Sports & Exercise беше откриено дали апетитот се намалува со вежбање.

Во истражувањето учествуваа физички неактивни мажи и жени, а откриено е дека оние коишто вежбале, откако им бил послужен ручек не се прејдувале, го скокнале десертот или земале помала порција.

Во студијата учествувале 24 мажи и жени на возраст од 18 до 55 години кои имале прекумерна телесна тежина и во почетокот не биле активни. Секој ден го јаделе појадокот, а потоа пешачеле со брзо темпо на траки за трчање или кревале тегови 45 минути. Потоа им бил сервиран ручек, а тие јаделе иста количина на храна како кога не вежбале.

Брзото пешачење или кревањето тегови без многу напор не влијае на прехранбените навики кога ќе се спореди со другите фактори како што е мирисот на вкусни лазањи, печива со путер или пита.

Студијата има ограничувања бидејќи учествуваа мал број учесници.

Сепак, заклучиле дека луѓето не треба да се плашат дека ќе се прејадат по вежбањето. Се трошат доволно калории кои лесно се надополнуваат, но доколку се внимава на балансот на оброкот лесно се губи вишокот на тежина.

Зошто навиваме за аутсајдери?
Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ годинава нуди качување на карпа, влегување во пештери, трка, забава со рок бендови…