
Влеговме во домот на бабата Милка Фенова од Радовиш и го пренесуваме овој апел за помош!
Милка е баба на три малолетни дечиња кои се на возраст од 14, 12 и 8 години. После смртта на нивниот татко, попознат помеѓу луѓето во Радовиш како Коце Стариот, старател на децата е токму таа. Со нејзината мала пензија, таа рече дека не може многу да им помогне. Во моментот, донации има од граѓани, фирми од Радовиш, помош од општината, основните училишта во Радовиш како и донации од странство.
Желба на нивната баба е куќата да биде реновирана каде би имало простор за нејзините внуци.
„Товарот којшто го имам е многу голем. Најбитно е да помогнат луѓето коишто се во можност за да биде дограден домот и да се направат соби за моите внуци каде и јас би можела да придонесам со мојата пензија за да им помогнам.“
Болката која тие ја претрпуваат е огромна, па затоа најмалку што можеме да направиме е да им помогнеме во вакви тешки моменти.
Фотографиравме делови од домот на баба Милка:
Доколку сте во можност да донирате финансиски средства, тие може да бидат уплатени на сметка 270 700 063 489 359 – Халк Банка, Милка Фенова.
За оние кои се во странство и сакаат да донираат, тоа можат да го направат на следната сметка: IBAN Code: MK07270700063489359 и SWIFT: EXPCMK22.