ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.11.2024
(ВИДЕО) Архитект од Нови Сад: Причините за несреќата можат да се најдат во проектната документација

Градежништвото предизвикува масовни несреќи, приматот да го има стручната јавност, а корупцијата мора да биде исклучена во оваа сфера, смета магистерот по архитектура и граѓански активист од Нови Сад, Дарко Лазаревиќ. Според него, од првичните информации и видеа кои кружат во јавноста можат да се забележат неколку архитектонски грешки кои се направени или при градбата или при реновирањето, а многу веројатно при последната реконструкција на објектот.

Системот влегува од грешка во грешка

Лазаревиќ потенцира дека и покрај грешките кои се направени во процесот на проектирање и реконструкција тие продолжуваат да се прават и во периодот после несреќата. Според него, веднаш после несреќата потребно да се приведат сите инволвирани во процесот. Независно дали се виновни или не, сите кои имале некаква врска со градбата, реновирањето или надзор на овој објект мора да бидат повикани на информативни разговори, а голем дел од нив и задржани. Заради тоа што тие сега можат да влијаат на текот на истрагата, можат да интервенираат во документацијата, а документацијата, според Лазаревиќ, може да каже скоро се за целиот објект и да ги лоцира потенцијалите грешки.

Покрај ова во првите моменти мора да се изврши заплена на целата проектна документација. Ние имаме документација која се наоѓа во физичка форма, испечатена во самиот објект. Друга документација која треба да биде запленета и обезбедена е онаа во електронска форма, тоа е онаа од порталот ЦЕОП во Србија. Тоа мора се да се прави паралелно со процесот на спасување на луѓето. Штом тоа го прескокнете некој период, два три или четири дена, ризикувате таа документација да биде манипулирана, вели Лазаревиќ.

Во петокот, на 1 ноември, се урна бетонска конструкција пред влезот на главната железничка станица во Нови Сад, Србија каде што 14 лица загинаа, а три беа тешко повредени. Истрагата за причините и евентуалните виновници се уште е во тек.

Целосното интервју со Лазаревиќ, погледнете го во продолжение:

 

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица