ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.05.2025
(Видео) Д-р. Марија Димитровска – Колку студентите се вклучени во научни истражувања?

Науката постојано напредува благодарение на посветената работа и објавените трудови што придонесуваат за проширување на колективно знаење. Во таа насока студентските конгреси претставуваат значајна платформа каде младите истражувачи ги претставуваат своите трудови, разменуваат идеи и се вклучуваат активно во научниот дијалог.

Д-р. Марија Димитровска Иванова

“Пишувањето на добар студентски труд е процес кој бара внимателност, посветеност и организираност. Се’ започнува со избор на тема која е интересна и релативна. Добрата тема треба да биде ниту премногу широка ниту премногу тесна, туку треба да овозможува длабинско истражување. За да се избере тема, студентот треба да ги разгледа литературата и актуелните истражувања, да разговара со ментори или професори и да размисли за области што го интересираат.  Кога темата е избрана, започнува процесот на истражување. Студентот мора да да ја разгледа литературата, да се запознае со теориите, методологиите и претходните истражувања кои се поврзани со неговата тема. Следниот чекор е да се дефинира јасно истражувачко прашање или хипотеза. Прашањето треба да биде јасно, специфично и одговарачко во однос на избраната тема. Кога истражувачкото прашање е поставено, треба да се избере соодветна методологија. Ова може да вклучува квалитативни методи (интервјуа, анализи на текстови) или квантитативни методи (анкети, статистички анализи). Пишувањето на самото истражување започнува со создавање на структурата на трудот кој ќе ги вклучува сите главни делови (вовед, теоретски дел, методологија, резултати, дискусија и заклучок). Потоа следи делот на ревизија и корекција чиј процес вклучува критичко прегледување на трудот, корегирање на стилските, граматичките и структурните грешки и подобрување на аргументација. На крајот, следува презентација на трудот пред публика или објавување во научно списание..“-објаснува проф.д-р. Марија Димитровска за тоа од каде започнува еден добар студентски труд и каде завршува.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

 

Жените во науката сѐ уште се соочуваат со предизвици и дискриминација
Ако македонскиот јазик се развиваше денес