
Во Домот на културата во Штип, вчера се одржа промоцијата на книгата “Doctor Detective” чии автори се американскиот доктор Тим Гаул и студентот по медицина Владимир Панев од Штип. Соочени со разликите во медицинската пракса која се спроведува во Македонија и во САД, искусниот доктор и студентот се одлучуваат да напишат медицински прирачник близок до принципите по кои се учи на светските реномирани универзитети како Harvard или Rush.
За сега тие се задоволни од пројавениот интерес, а главната цел е да им помогнат на студентите по медицина во Македонија да ја усовршат гранката на клиничко испитување. Многу повеќе детали ни откри Владимир Панев во своето интервју за Гоце.мк на самата промоција на која присуствуваше и нашиот тим.