
Долгогодишниот директор на Макфест, Стојан Троицки имаше свој настап на овогодишниот Астибо Џез Фестивал во Штип. Покрај останатите реномирани џез музичари од регионот интересот на публиката го привлече Троицки кој изведе неколку нумери на гитара.
Троицки важи за еден од основачите на Макфест, еден од најзаслужните за долгогодишниот сјај на фестивалот. Човекот кој го изразна фестивалот во бренд на градот и во чие време фестивалот го доживеа својот најголем меѓународен и национален успех. Денес Троицки е пензиониран, но страста кон музиката и градот Штип ја има како во своите најдобри години.
Сакам да ги поздравам организаторите на Астибо Џез Фестивал и да ги охрабрам да продолжат со оваа работа, бидејќи се наоѓаме на едно култно место за градот Штип. На ова место во 1925 година се одржала првата опера во Македонија, баш во оваа зграда во поранешниот Офицерски дом. Во овие простории поминале бројни генерации штипски уметници, изјави Троицки.
Астибо Џез Фестивал годинава се одржа по деветти пат, а настапија Филип Стевановски Бенд, Сашо Поповски Трио ft Кирил Кузманов, Џу Џу Трио и Парусион Груп. Фестивалот траеше два дена, а се одржа во Домот на Младите во Штип.
Во продолжение уживајте во дел од настапот на Троицки и галеријата на фотографии од фотографот Михаил Бутнејски.
ФОЛТИН порачуваат: Млади останете секогаш до вашите соништа!