
Аргентинскиот судија Факундо Тељо имаше полни раце работа на натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Расинг (1:2) кои се бореа за трофејот на шампионите (Аргентински Суперкуп). Судијата го собори рекордот во кариерата по бројот на дадени црвени картони поради општи тепачки и протести на натпреварот.
На крајот подели дури десет од нив, седум им покажа на играчите на Бока, а уште три на фудбалерите на Расинг.
Ситуацијата ескалираше по големото славје на Карлос Џонас Алкараз пред навивачите на Бока, на што противничките играчи не му простија.
Не прости ниту судијата Тељо, кого ќе го гледаме на претстојното Светско првенство во Катар.
Погледнете како изгледаше: