ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.12.2023
(Видео) Игор од Штип докажува дека интелектуалната попреченост не е пречка

Игор Ќорпашев е лице со интелектуална попреченост и корисник на услугите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) – Порака од Штип. Игор на еден ден беше келнер и бармен во кафулето Версај во Штип.

Целта беше да се покаже дека интелектуалната попреченост не е проблем овие лица да најдат работни места. За Игор оваа улога не е ништо ново, според вработените во Центарот тој и таму ужива во улогата да подготвува и нуди кафе на корисниците. Иако Игор првпат подготвува кафе надвор од дневниот центар, тој е само показател дека општеството треба да смета на нив.

Настанот се организираше со цел подигање на свеста, по повод 3ти декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост. Во продолжение видете како помина работниот ден на Игор Ќорпашев.

(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
(Видео) И Велешкото езеро Младост на удар на бетонизацијата