Универзитетот „Гоце Делчев“ преку универзитетскиот сенат го избра Илија Ивановски за прв студентски правобранител. Универзитетскиот сенат неодамна го потврди неговиот избор по предлог на Универзитетското студентско собрание. Илија е студент на Факултетот за медицински науки, кој е и најброен факултет во рамките на Универзитетот.
„Прво нешто што ќе направам е ќе ги свикам сите претседатели на факултетските собранија со кои ќе морам да имам тесна соработка. Сакам да се запознаам со нив и да ги запознаам проблемите со кои се соочуваат студентите“, вели Илија.
Во продолжение проследите го краткото интервју со Илија, за неговите планови и идеи и за тоа како студентите да го контактираат за евентуални претставки и проблеми.
Студентскиот правобранител е достапен преку е-маил на pravobranitel.ugd@outlook.com .