Штипјани неодамна имаа можност да го погледнат филмот The YouTube Effect и да се запознаат со продуцентката на филмот Gale Anne Hurd. Проекцијата се одржа во просториите на кино Киноверзум во Штип.
На премиерата имаше сесија со прашања и одговори од страна на продуцентката, а публиката имаше голем интерес за темата YouTube.
Во овој документарец е прикажан внимателен, вознемирувачки поглед на YouTube, веб страница со скромно потекло што го промени начинот на кој го доживуваме светот. Влијанието на алгоритамот врз нас, големото позитивно, но и негативно влијание кое овој сервис го има врз сите нас. Во продолжение погледнете ја сесијата на прашања и одговори со продуцентката на овој филм.