
Компанијата Slice има објавено повик за вработување на млади луѓе од цела Македонија. Компанијата долго време оперира на светскиот пазар, а поради брзиот и константен раст, имаат потреба од млади кадри кои би биле дел од тимот во Македонија.

Ни требаат луѓе кои имаат самодоверба. На почетокот дури не мора ни вистински да поседувате самодоверба во продажба, важно е само да ја применувате. Потребно е да имате енергија и ентузијазам, а воедно и да имате можност и желба да учите и напредувате. Ако ги имате овие работи, да успеете во продажба е само следниот чекор, вели Емилија Наумовска, senior sales manager – Slice.
Моментално на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.
Дознајте повеќе за отворените работни позиции и аплицирајте овде!
За работата во Slice Macedonia слушнете од самите вработени во компанијата во видеото во продолжение.