ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.08.2024
(Видео) Ирена Мулачка: Ни требаат новинари на кои приоритет ќе им биде интересот на граѓаните
Автор: Goce Author

Ирена Мулачка, новинарка на „Фокус“, трикратна добитничка на наградата „Никола Младенов“, е наш соговорник во серијалот „Жените го менуваат новинарството“.

Зошто „Жените го менуваат новинарството“? Затоа што поголемиот дел од најзабележителните и највлијателни истражувачки стории во Македонија се дело на новинарки и со самото тоа се една од за жал малкуте светли точки на македонското новинарство. Втората епизода од серијалот на goce.mk „Жените го менуваат новинарството“ ја посветуваме на новинарка која во колекцијата од новинарски награди три пати ја има и онаа за Истражувачко новинарство, „Никола Младенов“. Како игра на судбината, таа и работи токму во „Фокус“ , медиумот чиј основач е токму Младенов.

Ирена Мулачка, која јавноста ја знае во последниот период најмногу по истражувањето за скандалите на Онкологија, но претходно имаше уште неколку стории поврзани со здравството  – за смртноста на бебиња на Гинекологија, за очна лекарка која направила преку 150 погрешни операции (случај „Перде“), со кои предизвика значително внимание и влијание за подобрување на состојбите.

Вели дека ни се потребни новинари кои ќе прават стории кои ќе предизвикаат промени, на кои приоритет ќе им биде јавниот интерес, интересот на граѓаните.

Во интервјуто за goce.mk, Ирена Мулачка говори за предизвиците со кои се соочила при изработката на сториите, притисоците, нападите, влијанието кое го предизивикаа, како и за фактот дека поголем дел од истражувачките стории се дело на новинарки.

Агенцијата за храна ќе ги проверува новогодишните пакетчиња за деца
„Еднаква“ – нова женска медиумска мрежа