ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.03.2026
(Видео) Ирена Жежова: oд авторка до иден лекар – нејзиниот пат во ГОЦЕ.МК   

Ова е првиот текст што го пишувам од позиција на уредник на гоце.мк во прво лице. Причината е едноставна – станува збор за текст за студентка која е дел од овој медиум уште од самиот почеток. Ова е приказната на студентката Ирена Жежова и нејзиниот пат во Гоце.мк.

Ирена Жежова

Ирена Жежова не беше само дел од тимот. Таа беше една од најпосветените, најмотивираните и авторка на некои од најчитаните/најгледаните објави на гоце.мк. Во периодот кога медиумот растеше и ја градеше својата заедница меѓу младите, Ирена беше меѓу студентите кои го носеа тој процес напред и најважно од се, веруваше во оваа идеја во целост.

Нејзините теми секогаш беа блиски до младите луѓе. Пишуваше за здравје, за студентскиот живот, за предизвиците со кои се соочуваат младите, но и за важни општествени прашања како рамноправноста на жените. Со своите текстови отвораше разговори кои ретко се водат, а се важни за младите. Со неа е навистина лесно да се разберете за филозофијата на медиумот, за идеите и за концептите, а читателите/гледачите го ценеа тоа.

Гоце.мк секогаш ќе биде благодарен и горд на студенти и студентки како неа. Ирена, заедно со многу други млади автори во редакцијата, помогна да се испише историјата на медиум кој постои за младите и кој е создаден токму од младите.

Денес, Ирена е пред дипломирање и наскоро ќе ја започне својата професионална кариера како лекар. Тоа е ново поглавје во нејзиниот живот, но нејзиниот придонес во гоце.мк останува важен дел од приказната на овој медиум.

Токму затоа решивме да ја доближиме Ирена уште повеќе до вас, нашата публика. Во интервјуто што следува, таа зборува за своето искуство во гоце.мк, за предизвиците и моментите што ја обликуваа како авторка, но и за тоа што значи да се биде млад човек кој се обидува да направи разлика во местото во кое живее и делува.

Во продолжение – разговор со Ирена Жежова кој го реализираше студентот Александар Величков.

(Аудио) Мојот Став: Осми март со црна лента
(Аудио) Мојот Став: Колку чини еден редок живот?