Замислете да сте на улицита на големите светски метрополи, ама пред стотина години!
Секако дека немало толку сообраќај како денес, немало ни толку автомобили, па ни толку жители, ама сообраќај имало. Едно видео објавено на youtube одлично покажува како било да се движите по улиците пред сто години.
Брилијантно реставрираните снимки од пред еден век фрлаат сосема ново светло на тогашниот градски сообраќај.
Повеќе не ни треба имагинација за да замислиме какви биле улиците на големиот свет од 1920-тите. Благодарение на ова насликано и обновено видео, добиваме редок увид во градскиот живот во градовите ширум светот. Не мора да сте голем експерт за автомобили за да сфатите колку невообичаен беше сообраќајот пред речиси 100 години од денешна перспектива.
Од Њујорк до Лондон, автомобилите, кои во тоа време сè уште беа прилично неодамнешен изум, постепено ги исполнуваа центрите на градовите во 1920-тите. Забележливо е дека моторизацијата беше на својот врв во американските метрополи во тоа време, додека од друга страна, многу е интересно да се погледнат улиците на Копенхаген каде царуваат велосипедистите.
Данците дури и 100 години подоцна имаат слични преференции кога станува збор за масовниот велосипедизам, кои очигледно се вкоренети во нивната култура повеќе од еден век.