
Македонската претставничка на детската Евровизија Тамара Груејеска заврши на 12-то место. Песната „Кажи ми, кажи кој“ освои 76 бодови од онлајн гласањето и гласовите на жиријата на земјите учесници. Во продолжение погледнете ја песната и настапот на нашата Тамара.
Инаку домаќинот Франција победи на годинешното издание на детската верзија на „Евровизија“ што се одржа по 21 пат. На овогодишното издание што се емитуваше во живо од Ница, Франција, учество зедоа вкупно 16 земји, а за победничка беше прогласена Зое Клаузур со песната „Cœur“ (Срце), која заврши на врвот со вкупно 228 бодови. Ова е трета победа за Франција на јуниорската верзија на Евровизија.