Многу од дебитантите кои се појавија оваа година на макфестовската сцена го оценуваат Макфест како фестивал кој ќе им помогне во понатамошната музичка кариера. Новото светло на фестивалот наиде на големи пофалби од изведувачите.
Добитничката на единствената награда која се додели оваа година за најдобар дебитант , Благица Ѕунѕуровска- Блеа се претстави со песната “Рај„. Како поранешна јутуберка, која скоро почнала посериозно да се занимава со музика, младата пејачка изјави дека Макфест претставува отскочна даска за нејзината музичка кариера. Таа го опиша фестивалот како добро организиран и феномален.
Други дебитанти кои го привлекоа вниманието на публиката беа Кристина Димитри и Боно со песната “Салса„. Тие со музика се занимаваат веќе една година, а покрај македонските песни, тие поактивни се и на српската музичка сцена. Според нив Макфест е поттик за повеќе да се истакнат и на македонската музичка сцена и да продуцираат и песни на македонски јазик.