ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.08.2025
(Видео) Марина Пешовска: Интернет измамите не демнат секојдневно

Серијалот документарни видео стории посветени на сајбер насилството, емитуван на goce.mk покажа дел од опасностите кои ги носи сајбер просторот. Злоупотреба на идентитет, хакирање на профил, објавување на приватни фотографии, педофилија…се само дел од сајбер насилството и криминалот на кои се подложени најчесто младите.

Како сево ова е третирано од Министерството за внатрешни работи, како функционира и кои се предизвиците на Секторот за компјутерски криминал при МВР?

Според Марина Пешовска, Началник на Одделение во Сектор за компјутерски криминал во МВР, овој сектор покрива повеќе области – неовластено навлегување во компјутерски систем, сајбер насилство, сексуална експлоатација на деца, родово базирано насилство, дигитално насилство врз жени, новинарки, интернет измами, говор на омраза….

Во разговорот за goce.mk, Пешовска  издвојува поенти кои се карактеристични за сајбер криминалот.

-Сајбер криминалот е транснационален, па различните јурисдикции понекогаш отежнуваат (во различни држави различни се кривичните дела)

-МВР кога бара податоци за дела извршени во интернет просторот, мора да ги бара од провајдери кои се приватни компании, што значи не се обврзани да соработуваат

-и покрај постојаните апели, поголем дел од случаите остануваат непријавени

-во последниот период, се поинтензивни се измамите со лекари на кои им се злоупотребува ликот и гласот за да се доведат граѓаните во заблуда

-покрај приватните лица, се повеќе на удар се големите компании, кои се исто на удар на финансиски измами

Тоа се само поенти од разговорот со Марина Пешовска, кој можете да го погледнете во видеото.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите