Градската трка насловена „Супериор ранс“ по вторпат годинава се организира во Штип. Според организаторите интересот е многу поголем од минатата година, а за настанот се прават последните подготовки. Годинава се очекува и да се постигне договор со Атлетската федерација на Македонија, па трката да се бодува и да влезе во официјалните трки.
Организатори на настанот се Супериор Ранс, со поддршка од Општина Штип и многу локални и национални компании и организации.
За се што ќе се случува оваа година разговаравме со Дејан Ѓошев, еден од организаторите на Супериор Ранс.
Деталите за пријавување ги има на нивниот сајт https://superiorruns.mk/