ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.12.2025
(Видео) Награда за ГОЦЕ.МК за најдобра едукативна содржина за млади
Автор: Goce Editor

Новинарите Игор Стојанов и Тони Михаилов се добитници на наградата за едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 години. Наградата „Илија Жупановски“ која ја доделува Фондација Метаморфозис, беше доделена а проектот „Украден идентитет: како со вештачка интелигенција се злоупотреби името на доктор Никола Пановски?“  .

На примањето на наградата Игор Стојанов од Гоце.мк изрази благодарност до Метаморфозис но и до сите студенти и колеги кои работат во редакцијата на Гоце.мк.

„Со оглед на тоа дека Гоце.мк е портал за млади, ова е една сторија од која произлегоа 25 продукти, кратки видеа, карусели, инфографици, па и водич за безбедноста на интернет. Ние двајца сами не можеме толку да направиме, тоа е дело на целиот тим на Гоце.мк, благодарност до сите“, рече Стојанов. Тој додаде дека сторијата за Д-р. Пановски е исклучително значајна затоа што станува збор за човековото здравје и ваквите манипулации можат драстично да влијаат на животот на граѓаните.

Елида Зилбеари, проектен менаџер во Фондацијата Метаморфозис, истакна дека наградите се посветени на оние кои секојдневно работат на разобличување на манипулациите и ширење точни информации.

„Ова се луѓето кои остануваат верни на вистината кога општествените принципи се доведуваат во прашање од различни актери кои не и мислат добро на нашата земја. Во име на Комисијата, составена од еминентни професионалци од медиумската и јавната сфера: Катерина Блажевска, Дејан Донев, Арта Тахири, Билјана Георгиевска и Петрит Сарачини, како и во име на Фондацијата Метаморфозис, сакам да им се заблагодарам на сите кои аплицираа на конкурсот. Нивната работа им го дава на граѓаните неотуѓивото право да бидат информирани правилно, јасно и точно, неопходна потреба во време кога информациската несигурност цели да го замени разумот“, изјави Зилбеари.

Тони Михаилов истакна дека е голема предност и задоволство да се работи со млади луѓе и да заеднички со нив да се споделуваат вредностите на вистинското новинарство.

„За жал борбата против дезинформациите останува на малите проектни медиуми, граѓанскиот сектор, а се помалку гледаме системска борба против овој феномен“, додаде Михаилов.

Убавка Јаневска и Весна Коловска се исто така добитнички на наградата „Илија Жупаноски“ во категроијата Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци, што Фондацијата Метаморфозис по втор пат ја додели на конференцијата е-Општество.мк. Тие беа наградени за нивниот труд „Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани“ .

„Во услови кога во земјата сериозно недостасува широка национална стратегија за јакнење на отпорноста на целото општество од манипулативни злонамерни содржини што се шират со голема брзина и се впиваат како сунѓер, останува да се поддржуваме и да се помагаме ние во граѓанскиот сектор и да се држиме како чадор се додека изградиме покрив кој ќе не заштитува од дезинформациите“, рече членката на комисијата, Билјана Ѓорѓиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите.

Наградата го носи името на Илија Жупаноски, активист од граѓанскиот сектор кој значаен дел од својот живот го посвети на борбата против дезинформациите и хибридните закани врз демократијата.

Жупаноски посвети значаен дел од својот живот во согледување на ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси земјата.

Во продолжение извадок од доделувањето на наградите.

Од Штип до 60.000 следбеници: Студентка создаде заедница што ги мотивира студентите ширум светот
Крводарителска акција во Штип по повод денот на Извидниците