ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.03.2023
(Видео) Никола Гугоски заработува преку објавување на видеа од свирење гитара

Никола Гугоски од Охрид е млад дечко кој заработува преку Јутјуб платформата. Тој се занимава со постирање на видеа каде свири на гитара, односно онлајн лекции за свирење гитара. Објавувањето на видеата од хоби му станаа примарна работа.

Никола Гугоски

Ретко кој на македонската Јутјуб платформа има 200 илјади следбеници, но на Никола каналот од ден на ден расте се повеќе. Тој има објавено над 500 видеа, на кои вкупно има 50 милиони прегледи. На популарната Инстаграм платформа има 32 илјади следбеници.

Засега, најгледаното видео на неговиот канал на Јутјуб е ,,Hotel California’’, со над 3 милиони прегледи.

Освен со Јутјуб видеа, Никола својата кариера како гитарист ја гради давајќи и приватни часови по гитара на помалку познатата Patreon page. За заработката преку оваа платформа ни раскажува подетално во видеото.

Тој исто така е и поранешен член на Fighting windmills, македонски рок бенд кој има снимено три авторски албуми, дури имаат настапувано и на Скопје џез фестивал.

Во продолжение видете го интервјуто со Никола.

 

Колумна: Македонијо, уште колку родендени ти останаа?
(ВИДЕО) Зошто Сашка Цветковска и ИРЛ одлучија да го истражуваат криминалот на олигарсите?