ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.11.2024
(Видео) Нора Калиќи: Новинарството не е само професија, тоа е животна мисија
Автор: Goce Author

Нора Калиќи е главната ѕвезда во четвртото издание на серијалот „Жените го менуваат новинарството“. Со повеќе од две децении искуство во Македонската телевизија – програма на албански јазик, Нора не само што е водителка на емисијата „ЕУ и ние“ и главните вести, туку е и претседателка на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Преку ова искрено интервју, Нора зборува за својата борба за правата на жените и децата, за предизвиците со кои се соочуваат жените новинарки во медиумите, како и за начините како да ги привлечеме младите во новинарската професија. „Новинарството не е само професија, туку животна мисија,“ вели Калиќи, посветена на создавање позитивни промени во општеството.

Не пропуштајте го ова инспиративно интервју, кое открива како една жена може да го крене гласот за правда и да стане симбол на промената. Нора е уште една жена која го менува македонското новинарство.

Автори: Тони Михаилов и Игор Стојанов
Техничка реализација: Александар Максимов

(Аудио) Оземпик – помеѓу медицината и модата
(Видео) Мира Костиќ: Гласот на вистината што го обликуваше македонското радио новинарство