ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2023
(ВИДЕО) Новинарки во регионот ден денес трпат вознемирување на работно место

Според Валбона Сулча, новинарка во Албанија, најголем предизвик за новинарките таму е немањето на формален договор за работа, но таму новинарките трпат и вербално и сексуално вознемирување. Приморани да заработат, многу од овие жени замижуваат на фактот дека немаат потпишано формален договор кој им нуди осигурување и основни работнички права, па така се наоѓаат во призмата на дискриминацијата.

  1. Има сексуално и вербално вознемирување врз новинарките во регионот

Истражувањата на Сулча во текот на нејзината новинарска кариера сугерираат на тоа дека многу од новинарките се експлоатирани и вербално и сексуално вознемирувани во индустријата, додека институциите се глуви и слепи за нивната положба. Самиот факт што договор за работа не постои , ги става овие жени во положба каде не можат да ги пријават нападите и дискриминацијата насочена кон нив.

  1. На новинарките не им се признава правото на породилно отсуство?

Друг аспект е  што работодавачите не го признаваат правото за породилно отсуство и при вработување предност имаат помлади девојки без фамилијарни тенденции. Во случај на бременост, новинарките се избркани од работа без валидна причина. Сулча споменува дека дури и да се пријават нападите и непочитувањето на работните права, тоа би значело откажување од кариерата како новинар бидејќи и останатите компании ги етикираат како личности кои би се пожалиле против нив и не ги примаат на работа.

Иако, дискриминацијата сѐ уште е практика , сепак Сулча гледа подобрување во помладите генерации. Многумина од нив си ги бараат работничките права и не прифаќаат да работат без формален договор за работа. Според Сулча, помладите генерации треба да бидат погласни во однос на неправдата и повеќе да го експонираат проблемот во медиумите и јавноста.

Во продолжение погледнете го и целосното интервју со Валбона Сулча.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони