
Покрај приказните од новинарките во Албанија и Босна и Херцеговина на дискриминаторската ситуација се надоврзуваат и новинарките од Србија.
Според Александра Бучко, новинарка од Србија дискриминацијата против жените е присутна и таму. Со родовата нееднаквост тие се соочуваат секојдневно ,а таа најмногу е изразена преку вербални напади и недолични коментари насочени кон новинарките кои дури доаѓаат и од државни функционери.
Често се случува и да новинарка стане мета на критики и напади на социјалните мрежи бидејќи на публиката не и се допаднала веста за која пишува. Па тогаш наместо негативни коментари за веста , публиката си зема за слобода да ја навредува и напаѓа новинарката која ја напишала веста со недолични коментари , па дури и со закани.
Во продолжение погледнете го целосното интервју за ситуацијата на новинарките во Србија со Александра Бучко.