ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.10.2024
(Видео) Приказните на новинарката Убавка Јаневска го променија Велес
Автор: Goce Author

Како дел од серијалот приказни Жените го менуваат новинарството зборуваме со новинарката Убавка Јаневска од Велес. Нејзините приказни и интервјуа се една од причините за драматичните промени кои ги доживеа овој град.

Убавка Јаневска е име што одамна го надмина локалните рамки на Велес и стана синоним за истражувачко новинарство кое ги отвора најзначајните прашања за општеството и дефинитивно го менува локалното и национално новинарство. Со години наназад, таа неуморно работи на теми што многумина би се откажале поради страв или притисоци, но Јаневска секогаш го избира патот на вистината. Нејзините новинарски приказни не само што ги информираат граѓаните, туку и ја обликуваат свеста и однесувањето во малата, но динамична средина каква што е Велес.

Од екологијата и борбата за чист воздух, до истражувањата за корупција и малверзации во локалната власт, Јаневска има долгогодишно искуство во теми од јавен интерес. Нејзините текстови и телевизиски прилози често се фокусирани на оние проблеми што не добиваат доволно внимание во мејнстрим медиумите, но кои длабоко ги засегаат граѓаните.

Автори: Тони Михаилов и Игор Стојанов
Техничка реализација: Александар Максимов

 

Научно истражување: Радиостаниците се на работ на само одржливост – потребни се сериозни реформи за нивно опстојување
Колумна: Македонијо, уште колку родендени ти останаа?