Денес со нас е Проф. Татјана Атанасова Пачемска, една од најзначајните жени математичарки во нашата држава, авторка на книги по математика во основно, средно и високото образование.
Во пресрет на 8 ми март зборуваме токму за правата на жената во науката и образованието. Меѓународен ден на жената е светски празник, ден каде се бележи борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност се мажите.
Професорка на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ во Штип, а нејзината работа има огромно влијание во обликувањето во нејзината област и отвори нови граници на истражување. Беше деканка на електротехничкиот факултет, кој што се смета за ,,машки’’ факултет.
Таа ни покажува дека дури и на поле на кое доминираат мажи, жените може да бидат пример и да го водат патот напред со своите откритија. Професорката Пачемска споделува за нееднаквоста меѓу мажите и жените во науката и во образованието. Потенцира дека и покрај тоа што ние сме во свет кој е базиран на знаење, сепак поради физичката доминација има дискриминација на жените и тие не се доволно застапени во одредени научни дисциплини или на одредени менаџерски позиции.