
Што се случува кога дигиталниот свет се сврти против тебе? Во новиот видео документарец „Профилот на Кристина Арнаудова под напад – вистинската цена на еден клик“, ја раскажуваме потресната вистинска приказна на македонската пејачка, хуманитарка и активистка, која стана жртва на сериозен сајбер напад. Од моментот на хакирање до објавите со порнографска содржина, видеото ја открива невидливата битка за дигитален идентитет – битка што може да му се случи на секого од нас.
Во видеото слушаме и препораки од Агенцијата за заштита на лични податоци – што да направите ако некој ви го преземе профилот, како да се заштитите и зошто дигиталната безбедност не е луксуз, туку потреба.