ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.05.2023
(Видео) Првата градска трка во Штип видена од воздух
Автор: Goce Author

Билјана Кираџиева и Анастасија Ристова се победничките во категоријата жени на првата Супериор трка која се одржа викендот во организација на  „Супериор ранс“ во Штип.

Во машка конкуренција Димитар Петровски го освои првото место во трката од 5 километри со постигнато време од 16 минути и 18 секунди, а Дарио Ивановски беше прв кој ја истрча патеката од 10 километри за 30 минути и 20 секунди. Тие заедно со повеќе од 500 учесници меѓу кои покрај домашните имаше учесници од Холандија, Америка, Турција, Грција и Словенија се натпреваруваа на патеките долж реката Отиња.

Гоце.мк ја следеше трката од воздух. Ви пренесуваме дел од атмосферата за оние кои не беа присутни.

 

 

АНКЕТА: Дали некогаш сте биле цел на сајбер напад?
Во недела, 27 април, трето издание на „Супериор ранс-Стани, трчај“
Можност за млади – приклучи се на Kaleidoscope Culture Festival во Германија