ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.03.2022
(Видео) Ректорот на УГД: На Универзитетот и на државата им треба инвестиција во нов голем кампус
Автор: Goce Editor

Во интервју за Универзитетските медиуми ректорот на УГД проф. Д-р Блажо Боев зборува за почетоците на Универзитетот, за самото основање и за неговата визија за тоа каков Универзитет замислувал и дали ги остварил своите визии. Ректорот истакнува дека во овие 15 години е создадено институција која е гордост на државата.

15 години Универзитет „Гоце Делчев“ се поклопува со последните месеци од мандатот на актуелниот ректор. Проф. Д-р Боев порачува дека неговиот наследник треба да продолжи да го гради универзитетот на темелите на толеранцијата, науката и високите морални вредности.

Во едно од своите последни интервјуа како ректор, проф. Боев истакна дека е задоволен од напредокот на институцијата и дека овој Универзитет има иднина. Единствено нешто што го истакна како своја визија е изградба на наставен центар, голем кампус од 40.000 метри квадратни кај кампус 2.

„Остваривме идеи од кои треба да бидеме задоволни. Универзитетот го носи духот во себе за културна еманципација на македонскиот народ. Ја носи идејата за тоа дека сме посебни, дека знаеме кој сме и што сме, дека имаме сопствен јазик. Сето тоа е застапено во овој Универзитет. Имаме институции во рамките на Универзитетот кои значат продолжување на традициите. Успеавме да реализираме голема идеа и градот треба да биде горд на Универзитетот, вели ректорот.

Ректорот во интервјуто ја најави и дигиталната монографија која се подготвува за периодот од 2015 – 2022 во која ќе бидат поместени сите позначајни настани кои се случувале во тој период. Во интервјуто ректорот Боев ги спомена и неговите визии за тоа дека е потребно нов закон за Универзитетите и поголема финансиска автономија на овие институции.

Целосното интервју погледнете го во продолжение.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање