ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.11.2022
(Видео) Slice Македонија вработува млади – еве што е потребно да станете дел од меѓународна компанија
Автор: Goce Author

Slice Македонија е меѓународна компанија која долги години работи на пазарот во САД. Компанијата постојано се шири и постојано има потреба од нови, млади и амбициозни луѓе да бидат дел од тимот.

 

Минол Чутра, соработник за развој на таленти вели дека за да се стане дел од компанијата не е потребно посебен вид на вештини затоа што компанијата има сопствени тренинзи за развој на своите вработени.

Потребни ни се луѓе кои имаат амбиција да работат на светски пазари, да сакаат да стекнуваат нови знаења и секако да напредуваат во кариерата заедно со тимот на Slice, вели Минол Чутра.

Моментално на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Дознајте повеќе за отворените работни позиции и аплицирајте овде!

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?