Светлана Шопова, сопруга на великанот на македонската поезија, Ацо Шопов се присетува на моментите поминати со својот сопруг во родниот Штип. Ацо Шопов е роден штипјанец, но дел од детството поминал во тешки услови, грижејќи се за својата болна мајка. Светлана сведочи за моментите кога Шопов направил дел од своите најзначајни дела, а секако и за нејзината улога во создавањето на поезијата.
Во Штип, Светлана се врати по повод промоција на нова книга посветена на Ацо Шопов, насловена „ОД ОНАА СТРАНА НА НЕБИДНИНАТА: РАЗГОВОРИ СО СВЕТЛАНА ШОПОВА ЗА АЦО ШОПОВ“.
За медиумите Светлана се присети на моментите со својот сопруг, но и на нивниот прв бакнеж. Во продолжение гледајте го целиот разговор.